Приказната за Алкалоид датира од пред 80 години, како една од најуспешните компании во Македонија од многу аспекти и е нераздвоен дел од мозаикот на целокупната економска слика во Земјава.
Алкалоид АД е водечка фармацевтска компанија во Македонија и една од водечките во регионот, со амбиција за понатамошен развој. Компанијата , покрај фармацијата, успешно раководи и со другите нејзини профитни центри - билкарство, козметика, хемија и раствори за хемодијализа.
Како дел од Алкалоид АД е Профитниот центар - Хемија, Козметика и Билкарство со богата палета производи за широка потрошувачка. Фокусот на Профитниот центар е насочен кон производи со висок квалитет, градење добри односи со потрошувачите и снабдувачите, промоција и продажба на постојните пазари, како и освојување нови.
Одделот Билкарство произведува спектар на чаеви под брендот GOOD NATURE, здрава храна под брендовите GOOD NATURE ENERGY, зачини и сушени зеленчуци – GRINI, додатоци на јадењата – Зачинал, Хималајска сол, Морска сол, Јодирана сол и најновиот бренд на додатоци во исхрана и гранични производи Herbal.