Сите производи од палетата претставуваат природни производи изработени со технолошки постапки кои овозможуваат екстракција на лековитите состојки од соодветните делови од билките. Лековитите состојки од билките ги добиваме како водно-алкохолни, маслени или водни екстракти, кои според податоците од литературата, традиционалната примена и според искуството се користат за подобрување на бројни состојби во човековиот организам.
Благодарение на поволната клима, идеалната комбинација на сонце и вода, билките кои растат на територијата на нашата земја имаат драгоцени, лековити, природни својства. Природата е еден огромен ормар, полн со лековити билки. Затоа, користете ја секоја билка според својата препорачана намена.
Начинот на употреба и препораките за користење на секој од производите од палетата се опишани во упатствoтo за употреба коeшто се наоѓа во пакувањeто и коeшто препорачуваме задолжително да се прочита.