- за олеснување на искашлувањето;
- за подобрување на функцијата на горните дишни патишта.

Сирупот Примулин содржи водни екстракти од јаглика и од тимјан коишто се надополнуваат со своите дејства и помагаат во олеснување на искашлувањето. Сирупот придонесува за нормално функционирање на респираторниот систем.
Активните компоненти во сирупот, покрај тоа што ги разводнуваат густите слузни секрети, поседуваат и противвоспалително и антибактериско дејство, при што помаагат во олеснување на состојбите при кашлица придружена со секрет.
Јагликата ја олеснува надразнетоста на горните дишни патишта, помага во разводнување на густите слузни секрети и на тој начин помага за нивно полесно искашлување.
Тимјанот содржи етерично масло и сапонини коишто помагаат за олеснување на искашлувањето на слузта од дишните органи. Присутниот тимол во етеричното масло на тимјанот има антисептично дејство (спречува развивање микроби) на дишните патишта, а помага и во смирување на грчевите во бронхиите.
Левоментолот предизвикува чувство на загреаност во грлото и ги олеснува симптомите на кашлицата.
Деца од 4 до 12 години: 3 пати на ден по 1 дозирна лажичка (5 ml).
Возрасни и деца постари од 12 години: 4 пати на ден по 1 дозирна лажичка (5 ml).
